Скандал со нелегалните бугарски пасош-ќе се прави ревизија
„Државната агенција за Бугарите во странство го кршела законот, ќе ја затвораат!“
„Државната агенција за Бугарите во странство го кршела законот, ќе ја затвораат!“
Под овие наслови бугарските медиуми известуваат за скандалозните решенија на Државната агенција за Бугарите во странство, која во изминатите години издала илјадници пасоши на наводни Бугари, кои освен изјава дека се чувствуваат Бугари, со ниту еден документ не го докажувале бугарското потекло, пишува Сител.
Информацијата ја објави Државното обвинителство, кое ги проверува издадените државјанства и тековните апликации за бугарски пасош од 2011 година.
Притоа во медиумите се наведува дека меѓу апликантите кои чекаат ред пред агенцијата стојат бројни лица со бурки или муџахендински бради кои немаат никаква врска со Бугарија.
Пишувајќи за леснотијата со која граѓаните од Македонија, Албанија, Косово, Арапскиот свет и од други земји доаѓаат до бугарски пасош, весникот Труд ситуацијата ја карикира со култната британска хумористична серија Ало, Ало.
За да ја докаже баналноста на решенијата, обвинителката Милена Беремска, која е задолжена за случајот, ги измешала 15-сетината стандардни прашања што по ист редослед им се поставуваат на апликантите, а кои тие ги научиле напамет. Резултатот бил шокантен.
На прашањето:,,Кои се бугарските официјални празници “, кандидатот одговорил-Електричар. Или на прашањето: ,,Што работите?” – одговорот бил – ,,Кирил и Методиј” .
Службениците во агенцијата се правдале дека уверенијата за бугарско потекло ги издавале врз основа на 4 книги-зборници, меѓу кои и ,,Бугарите во Албанија и Косово‘‘ и ,,Бугарите од Голо Брдо, Албанија‘‘.
На новите редуцирани мерки за издавање бугарски државјанства реагираа Бугарскиот културен клуб од Скопје и бугарската ВМРО-БНД кои бараат Македонците да не мора да ги докажуваат своите бугарски корени.
{loadposition content9}