Скопскиот аеродром сеуште затворен
Маглата и денеска е причина за намалена видливоста на повеќе патишта низ државата, како и за откажување и пренасочување на летовите од скопскиот аеродром.
Маглата и денеска е причина за намалена видливоста на повеќе патишта низ државата, како и за откажување и пренасочување на летовите од скопскиот аеродром.
Продолжува откажувањето на предвидените полетувања и слетувања на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, а дел се пренасочени на аеродромите во Охрид и во Софија.
Намалена видливост поради магла до 50 метри има во Скопје и Петровец, а до 100 метри во Куманово, Кула, Демир Капија и Сарамзалино, информира Автомотосојузот на Македонија.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и по претежно суви коловози. Поради ниските температури можна е појава на голомразица на некои повисоки планински и осојничави места. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. АМСМ укажува на внимание на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Кочани-Делчево и Берово-Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
{loadposition content9}