Skip to main content

Словенечката министерка за внатрешни работи во Македонија

Висока делегација на словенечкото Министерство за внатрешни работи, предводена од министерката Катарина Кресал и генералниот директор на словенечката полиција, Јанко Горшек в понеделник ќе допатува во Скопје.

Katarina Kresal
Катарина Кресал

Висока делегација на словенечкото Министерство за внатрешни работи, предводена од министерката Катарина Кресал и генералниот директор на словенечката полиција, Јанко Горшек в понеделник ќе допатува во Скопје.

Katarina KresalСпоред најавите, високата делегација, која што во Скопје ќе престојува два дена, по пристигнувањето ќе биде примена од македонскиот претседател Ѓорѓи Иванов. На средбата ќе присуствува и македонската министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Словенечката делегација придружувана од словенечкиот Амбасадор во Македонија, Алан Бергант претходно ќе оствари средба и со вицепремиерот за европски интеграции Васко Наумовски.

Во вторник треба да биде потпишан билатерален договор за бесплатно отуѓување на недвижнини од страна на двата Министри за внатрешни работи. Министерката Кресал во рамки на вториот работен ден од посетата ќе се сретне и со македонскиот премиер Никола Груевски.

Според најавите, Кресал во Центарот за обука во Идризово во вторник ќе одржи предавање на тема – “Визна либерализација“.

{loadposition content9}