Skip to main content

Енергетика

Сметка за струја или весела математика?

Калкулатор со кој граѓаните ќе може да ја споредат својата потрошувачка на електрична енергија, по блокови, со постоечката состојба.
Калкулатор

Презентиран калкулаторот со кој граѓаните ќе може да ја споредат својата потрошувачка на електрична енергија, доколку би постоеле блокови, со постоечката состојба.

Марко Бислимоски

„Постоење на блок тарифи, исклучиво за време на важење на висока дневна тарифа. Потрошувачката во периоди на важење во ефтина струја нема да велгува во блоковите.Тоа е едната работа, а втората која сакам да ја потенцирам, е дека во наредниов период ќе ги примаме сите забелешки и сугестии, кои единствено можат да одат во насока на зголемување на блоковите, а не на намалување“ подвлече Марко Бислимоски – претсдедател на РКЕ.

Со калкулаторот секој граѓанин ќе може да си провери што би значело потрошувачка во блокови, а што постоечка ситуација, а самиот калкулатор ќе ја покаже разликата, вели Бислимоски. Главна цел на воведување скалесто тарифирање е да се формираат блок тарифи што ќе стимулираат намалување на потрошувачката на електрична енергија во текот на високата дневна тарифа.

Рубин Талески

А истовремено ќе стимулираат поголема потрошувачка во ноќната ниска тарифа, и со тоа да се обезбеди заштита на домаќинствата чија потрошувачка на електрична енергија е во рамки на просечната потрошувачка во државата, објасни Рубин Талевски, професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

„Приказната не се менува многу. Осумдесеттина посто од домаќинствата ќе имаат помали сметки, само што сега разликите во тие проценти нема да бидат големи, наместо 15%, ќе бидат 10%“ – објасни Рубин Талевски- пофесор ФЕИТ.

Калкулатор

Се предлагаат четири тарифни блока за домаќинствата и две тарифи за правните лица, кои нема да се третираат како домаќинства. Со овој тарифен систем нема да можат да се решат сите проблеми во електроенергетскиот систем, како ни сите проблеми кои самите потрошувачи не си ги решиле во изминативе 30 години, подвлече Бислимоски. Калкулаторот е достапен на веб страната на Регулаторна комисија за енергетика , www.erc.org.mk.