Skip to main content

Смртта на Глигоров не ги натажи Македонците во Австралија

Додека Македонија тагува по својот прв претседател, македонските гастербајтери од Австралија вијат ора. Скандалозен текст се појави на австралиска веб страна во која Киро Глигоров е споредуван со Моамер Гадафи и Бин Ладен. Меѓу другото, на оваа страна беше наведено и дека веста за смртта на Глигоров била примена со радост од македонците во Австралија.

 |  Мишел Наумоски  | 
informator
informator

informatorМакедонија сеуште тагува по својот прв претседател, меѓутоа тоа не е така во далечната Австралија. Нашите македонски гастербајтери со песна и ора ја дочекале тажната вест. И пред да помислите дека се работи за некоја невкусна шега, побарајте ја веб страната www.informator.ws
Ова е австралиска веб страна основана од Македонци, на која, благо речено излезе скандалозен текст по повод смртта на Киро Глигоров. Во овој текст авторот кој немал храброст да го стави својот потпис, починатиот претседател го споредува со диктаторите од ковот на Моамер Гадафи, Ким Јонг Ил, како и некогашниот лидер на Ал Каеда, Осама бин Ладен.
Во дел од текстот стои: „За смртта на Глигоров – веста кај македонците во Австралија беше примена со голема радост за неправдата што ја нанесе во Обединетите нации кога Македонија беше примена под името Поранешна Југословенска Република Македонија, и за коментарот кога Глигоров спомна дека македонците немаат никаква поврзаност со Александровата цивилизација.
informator
Меѓу другото, беше наведено и дека македонците од Австралија се згрозени од фактот дека во Македонија бил прогласен ден на жалост поради смртта на Глигоров, но и задоволство што тој не бил погребан со државни почести. Покрај текстот со скандалозна содржина, прикачени се и неколку видеа со песни и скечеви за претседателот. Секако секој има право да го каже своето мислење и ова сигурно не е став на сите Македонци во дијаспората, а коментарите и анализите за овој чин ќе и ги препуштиме на јавноста.

{loadposition content9}