Skip to main content

Снегот не изненади….пак

Новиот снег предизвика проблеми во сообраќајот.

 |  Маја Савиќ  | 
sneg na patot
снег на патот

sneg na patot Снегот и ниските температури што изминатата ноќ ја зафатија Македонија го отежнаа сообраќајот во целата земја, поради што во некои делови е задолжителна употребата на зимска опрема.


Во Скопје беше отежнато одвивањето на сообраќајот во вечерните часови, кога поради ниските температури се формираше помала снежна покривка и на коловозите, а беа предизвикани и неколку помали сообраќајни незгоди, во кои беше причинета само материјална штета.

Екипите на „Улици и патишта“ интервенираа со посипување на сол на сите главни сообраќајници, а истото беше направено и рано утрото, поради што немаше поголеми застои во сообраќајот.

Единствен проблем претставуваше снегот во повисоките скопски населби, каде што локалните сообраќајници не беа навреме исчистени, поради што дел од граѓаните доцнеа на своите работни места.

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива отежнато во зимски услови, поради врнежи од снег и остатоци на коловоз. Забрани и ограничувања нема, единствено на планинскиот превој Пресека е задолжителна употребата на зимска опрема само за тешките товарни возила.

Железничкиот и автобускиот сообраќај се одвива нормално, со помали доцнења.

Метеоролозите за денеска не очекуваат нови снежни врнежи, така што во текот на денот можно е и топење на малата снежна покривка во пониските места.

Задоволство од новиот снег има и во скијачките центри, каде висината на снегот е доволна за зимските спортови.

{loadposition content9}