Skip to main content

Снегот втор ден непрекинато паѓа

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива исклучително отежнато и забавено во зимски услови со големи остатоци од снег на коловозите поради интензивните врнежи од снег низ целата држава.

sneg
снег
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива исклучително отежнато и забавено во зимски услови со големи остатоци од снег на коловозите поради интензивните врнежи од снег низ целата држава.

Поради врнежите од снег забележана е и намалена видливост што дополнително го отежнува возењето, информира Авто-мото сојузот на Македонија.
Поради интензивни врнежи од снег и големи остатоци на коловозот, патниот правец Дебар-Струга е затворен за сите видови на возила. Забрана за движење на тешките товарни возила има на патните правци Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража и Маврово – Дебар. На овие патни правци за сите останати возила задолжителна е употребата на зимска опрема.

Утринава од 7,10 часот поради интензивни врнежи на снег и големи остатоци на коловозот целосно беше затворен за сите возила патниот правец Стража Кичево. Патот е расчистен а забраната делумно е укината, на сила е задолжителната употреба на зимска опрема, а забрането е движење само за тешките возила.
На патните правци Битола-Ресен преку Ѓавато и Ресен-Охрид преку Буково и на планинскиот превој Плетвар, задолжителна е употреба на зимската опрема за сите видови на возила. На патниот правец Тетово-Попова Шапка има забрана за движење на тешки товарни возила и автобуси, а за сите останати лесни возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

snegПоради отежнатите зимски услови за сообраќај, од АМСМ на возачите им препорачуваат доколку е можно да го одложат патувањето, а на оние возачи кои мора да патуваат им препорачуваат, исклучително внимателно возење и прилагодување на брзината на влажните, лизгави и со остатоци од снег коловози.
Од ЈП „Македонија пат, велат дека се преземаат сите активности за расчистување на коловозите од снежните врнежи, што почнаа вчера претпладне и продолжија и во вечерните часови низ целата држава.

Автобусите на меѓуградските линии пристигнуваат и тргнуваат со задоцнувања од половина до два часа на сите релации, информираат од Меѓуградската автобуска станица.
Поради намалена видливост вчера беа откажани две слетувања на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, од Загреб и Виена.
Врнежите од снег засега не го попречуваат одвивањето на железничкиот сообраќај, каде се присутни вообичаени задоцнувања од 10 минути, велат од Железничката станица во Скопје.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите од снег ќе продолжат и во текот на денешниот ден, а се очекува да престанат утре. Највисока снежна покривка од 124 сантиметри вчера во 18 часот е евидентирана на Попова Шапка, по што следат Лазарополе со 48, Претор и Струга со 42 и Маврово со 33. Снежната покривка во Скопје вчера изнесуваше четири сантиметри, а денеска е значително повисока.

 

 

 

 

{loadposition content9}