Со „Вело училишта“ до промовирање на велосипедизмот до и од училиште
Охридските основни училишта се дел од образовната програма „Вело училишта“ преку која се организираат и спроведуваат активности за промовирање на велосипедизмот до и од училиште, а се промовира и безбедноста во сообраќајот. Главната цел на програмата е да го промовира велосипедизмот како безбеден, здрав и алтернативен начин на превоз за учениците во Македонија, преку првата таканаречена „Вело училишна мрежа”.
Преку програмата „Вело училишта“ се промовираа велосипедизмот како безбеден, здрав и алтернативен начин на превоз за учениците во Македонија, преку првата „Вело училишна мрежа”.Сите охридски основни училишта се дел од оваа образовна он лајн платформа преку која се организираат и спроведуваат активности за промовирање на велосипедизмот до и од училиште, како и безбедноста во сообраќајот. Програмата “Вело училишта” се базира на пристапот за промена на однесувањето, кој се применува во проектите за европска одржливост на мобилноста преку препознавање на училиштата кои успешно имплементираат активности поврзани со темата велосипедизам без разлика дали се во рамките на наставната програма или како вон наставни активности.
„Еднаш неделно поставуваме активности кои самите училишта може да ги спроведуваат, заеднички и наставниците и учениците, во текот на редовните часови или како вон наставни активности, а потоа добиваме позоитивен фидбек од училиштата ни испраќаат фотографии од организираните активности. И навистина според фидбекот кој го имаме од самите наставници, учениците уживаат во активностите. Активностите се на тема велосипедизам, од самото настанување на велосипедот , кога каде настанал, па се до практично возење на велосипед и самите оние работи за тоа како се мести заштитна кациуга и проверка на самиот велосипед вои домашни услови“ објаснува Весна Павлова – проектен координатор „Екологик“.
На овој начин се зголемува свеста на учениците, родителите, наставниците и општинските власти во избраните пилот општини за придобивките од користењето на велосипедите како алтернатива за секојдневните транспортни средства, но исто така и знаење за потребите во поглед на патната инфраструктура и безбедноста. Програмата воведува пристап кој ја стимулира конкуренцијата помеѓу училиштата кои учествуваат, како и размена на своите искуства. Потребните прашања за безбедноста на патиштата што ги попречуваат почестата употреба на велосипеди низ училиштата, кои учествуваат се опфатени преку активно ангажирање на локалните власти во текот на имплементирање на програмата.
„Идејата е што повеќе деца да допрат до самата тема и во однос на безбедноста за користење на велосипедот, да може истиот да го користат како алтернативно превозно средство.Свесни сме дека во поглед на инфрастуктурата имаме многу начини на подобрување особено во помалите градови и руралните средини во нашата држава, меѓутоа сме на добар пат навистина бидејќи во оваа последна година многу деца и возрасни се одлучуваат да го користат велосипедот како превозно сртедство“ вели Весна Павлова – проектен координатор „Екологик“.
Во рамките на програмата се организираат различни видови на активности и креативни работилници и за наставниците и учениците, за сите училишта кои учествуваат, да се обезбедат подетални информации за истата. Овие работилници обезбедуваат одличен начин за генерирање на мрежа меѓу училиштата што им овозможува да ги споделат искуствата и идеите за најдобри практики.Програмата и самата онлајн платформа има за цел да развие мрежа на акредитирани основни училишта низ цела Македонија, кои ќе работат самостојно и како заедница посветени на следење и проценка на активностите, како и споделување на нивните искуства меѓу врсниците.Во вело мрежата се вклучени основни училишта од 30 општини низ државата и тоа 150 училишта веќе учествуваат во активностите за промција на велосипедизмот.