Skip to main content

Со вонредните контроли на АХВ, парично казнети 23 угостители од цела Македонија

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, кога операторите со храна имаат зголемен обем на работа  поради поголемата побарувачка и потрошувачка на прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во изминативе две недели спроведоа вонредни, засилени контроли.
 |  инфодеск  | 
man putting herb on food

Во пресрет на новогодишните и божиќните празници, кога операторите со храна имаат зголемен обем на работа  поради поголемата побарувачка и потрошувачка на прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во изминативе две недели спроведоа вонредни, засилени контроли. Акцент со реализираните 244 инспекциски надзори беше ставен на угостителските објекти, каде се одржуват предновогодишни прослави.

-Кај 43 оператори утврдено е дека не ги задоволуваат хигиенските барања, односно, немаат имплементирано процедури на Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а кај 4 констатирано е дека не ги спровеле задолжителни здравствени прегледи на вработените лица. Иако имаат законска обврска, 5 од контролираните угостители не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата. Како небезбедни, уништени се над 200 килограми храна, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

За утврдените недоследности издадени се 55 решенија со наредби за нивно отстранување и изречени се 23 парични казни.