Собирачи на пластика со тапија
19 неформални собирачи на отпад потпишаа договори со Јавното комунално претпријатие (ЈКП) Комунална хигиена и добија легитимации, што им дава правно признание за нивните активности. УСАИД Проектот за рециклирање на пластика, заедно со ЈКП и Пакомак (првата овластена компанија за упрaвување со отпад) одржаа церемонија на потпишување за да го означат овој нов развој во македонската индустрија за рециклирање.
Илјадници луѓе во Македонија зависат од неформалното собирање на материјали за рециклирање. При усвојувањето на Законот за пакување и отпад од пакување голем предизвик беше како да се вклучат неформалните собирачи во формалниот систем за управување со отпад. Се досега, овие собирачи се сметаа за некомпатибилни со современиот систем за управување со отпад. Како резултат на напорите на УСАИД Проектот за рециклирање на пластика, за прв пат, сите релевантни партнери увидоа дека неформалните собирачи можат да бидат составен дел од формалниот систем за упрaвување со отпад, и се согласија да соработуваат во решавањето на социјалните, здравствените, како и проблемите на вработување и управување со отпад.
{loadposition content9}