Skip to main content

Собранието изгласа повеќе пари за МРТВ од такса и реклами

Се зголеми радиодифузната такса од 130 на 190 денари и  рекламниот простор за Македонската радио телевизија.

 |   | 
mrtv
mrtv
mrtvСобранието на Република Македонија ги усвои измените и дополнувањата на Законот за радиодифузна дејност со кои, меѓудругото, се предлага зголемување на радиодифузната такса од 130 на 190 денари и на рекламниот простор за Македонската радио телевизија.

Пратениците од парламентарното мнозинство оценија дека измените се во насока на намалување на зависноста на МРТВ од буџетските средства и нејзино целосно осамостојување, а зголемувањето на рекламниот простор, рекоа, ќе ги зголеми атрактивноста и гледаноста.

Опозицијата смета дека со предложените измени се создава нелојална конкуренција и се фаворизира јавниот сервис за сметка на приватните радиодифузери, а зголемувањето на радиодифузната такса ќе претставува дополнителен финансиски трошок за граѓаните.

Според нив, ова не е соодветно решение за состојбите во МРТВ, бидејќи, како што рекоа, неа и требаат конкретни санациски програми со цел да се изгради во вистински јавен национален сервис, а не да биде како сега партиска телевизија на владејачката партија.

На ова реагираа пратениците од партиите на власт, кои сметаат дека решението е соодветно, бидејќи, како што посочија дел од нив, со зголемување на финансиската сигурност, ќе се зголеми и независноста на јавниот сервис и ќе се намали нејзината зависност од буџетските средства.

{loadposition content9}