Skip to main content

Собранието на РМ го усвои буџетот за 2015

Буџетот за 2015 година чии приходи се проектирани на 163.280 милијарди, а расходите на 181.777 милијарди денари е усвоен на 18. седница на Собранието на Република Македонија.

pari
пари

собраниеБуџетот за 2015 година чии приходи се проектирани на 163.280 милијарди, а расходите на 181.777 милијарди денари е усвоен на 18. седница на Собранието на Република Македонија.

Буџетскиот дефицит е планиран на 3,5 проценти од БДП, растот на економијата е проектиран на 4 проценти, а инфлацијата до два проценти. За капитални инвестиции предвидени се 21.209 милијарди денари.

Според вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, со Буџетот ќе се поддржи стопанството и стандардот на граѓаните преку планираните средства за капитални инвестиции и преку зголемувањето на платите, пензиите и социјалните надоместоци.

Зголемувањето на платите ќе трае во текот на целата година, почнувајќи од оваа година, додека во јули наредната година ќе бидат зголемени социјалните надоместоци за пет проценти, а во октомври следната година ќе пораснат и пензиите за пет проценти.
И во Буџетот за 2015 година предвидена е поддршка за земјоделците, односно одвоени се средства во висина од 140 милиони евра за субвенции.

Пратениците од парламентарното мнозинство во текот на расправата оценија дека Буџетот за 2015 година е со реални проекции и ги отсликува владините приоритети и политики за економски раст и развој, поддршка на приватниот сектор и на стандардот на граѓаните.

{loadposition content9}