Skip to main content

Собранието го донесе Законот за игрите на среќа со 60 гласа „за“

Законот предвидува дислокација на објектите за игри на среќа на најмалку 500 метри од основните и средните училишта, мерено по најбезбедниот пат.
 |  инфодеск  | 
person's left palm about to catch black dice

Собранието го усвои Законот за игрите на среќа и за забавните игри со 60 гласа „за“ и 20 „против“. Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски изјави дека законот предвидува дислокација на објектите за игри на среќа на најмалку 500 метри од основните и средните училишта, мерено по најбезбедниот пат.

Со законот значително се ограничува рекламирањето, се укинуваат светлечките реклами, а ќе биде дозволена само табла со назив на приредувачот со максимални димензии од 100 на 30 сантиметри, без промотивни пораки.

Дополнително, се воведува задолжително GPS-поврзување на апаратите и казината со Управата за јавни приходи за подобра контрола и полесно откривање на нелиценцирани објекти. Законот е усогласен и со препораките на Moneyval за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Јанкуловски најави дека доколку при примената се утврдат аномалии, ќе се пристапи кон измени на законските решенија.