Skip to main content

Собранието денес ќе гласа преодна влада

Во преодната влада опозицијата треба да ги добие министерските места во секторите внатрешни работи…

 |  инфодеск  | 

Собранието на Република Македонија денеска согласно договорот постигнат на лидерската средба треба да ја избере преодната влада која ќе ги организира парламентарните избори закажани за 11 декември.

Според договорот, во преодната влада опозицијата треба да ги добие министерските места во секторите внатрешни работи и труд и социјална политика, како и дополнителни заменици министри за финансии, информатичко општество и администрација и за земјоделство.

СДСМ синоќа едногласно реши кандидати за овие позиции да бидат истите лица и од претходната преодна влада – Оливер Спасовски за министер за внатрешни работи, Фросина Ременски е кандидатка за министерка за труд и социјална политика, Кире Наумов кандидат за дополнителен заменик министер за финансии, Александар Кирацовски кандидат за дополнителен заменик министер за информатичко општество и администрација и Љупчо Николовски кандидат за дополнителен заменик министер за земјоделство, водостопанство и шумарство.