Социјалците ќе добијат 10 евра за струја
Примателите на социјална помош од октомври ќе добиваат 10 евра од Владата за секоја платена сметка за струја, потврди вчера премиерот Никола Груевски.
Примателите на социјална помош од октомври ќе добиваат 10 евра од Владата за секоја платена сметка за струја, потврди вчера премиерот Никола Груевски. Законот со кој ќе се издвојуваат овие пари ќе се применува од овој месец, поточно Владата ќе им олесни на социјалците доколку приложат платена сметка за струја за септември.
„Десетте евра помош, енергетската сиромаштија, ќе може да ги подигне од 1 до 10 октомври. Пари за оваа намена се веќе обезбедени во буџетот, а подготвени се и службите во Министерството за труд и социјална политика, кои ќе треба да ја спроведат владината одлука“, изјави Груевски.
{loadposition content9}