Skip to main content

Софтвер против плагијати

Министерот за образование и наука Панче Кралев денеска го промовираше софтверот за откривање на плагијати.

 |   | 
Kralev
Кралев

Министерот за образование и наука Панче Кралев денеска го промовираше софтверот за откривање на плагијати.

-Системот за анализа и пронаоѓање на плагијати во трудови овозможува лесно и ефикасно откривање на трудови, кои во целост или во свој интегрален дел можат да претставуваат плагијати на некои веќе објавени, оценувани или презентирани трудови. Во системот ќе се внесуваат сите видови на трудови, од семинарски работи на студенти преку дипломски, магистерски, докторски дисертации, научни и стручни трудови, па се до универзитетски скрипти и учебници. Корисници во улога на оценувачи можат да бидат асистенти и професори на сите универзитети во Р. Македонија, па дури и вработени во Министерството за образование и наука, кои учествуваат во разни комисии, но и бројни стручни лица од странски универзитети, кои ќе имаат привилегии да прикачуваат веќе објавени трудови во базата на трудови на овој систем, изјави Кралев, кој додаде дека преку оценувањето ќе се врши проценка на оригиналноста на трудот.

Како што посочи министерот, се очекува веќе во втората година студентите да не можат да предадат исти или слични трудови на оние веќе објавени или презентирани од претходните генерации.

Дополнителна база на трудови ќе биде nauka.mk, каде ќе бидат сместени научни и стручни трудови на македонските научници.

Покрај ова Министерството за образование изработува и втор систем за откривање на плагијати, посочи Кралев и истакна дека преку него секој ќе може да пријави плагијат, со внесување на податоци од каде е преземен плагијатот по што стручни комисии во рамки на Министерството ќе го прегледаат и ќе оценат дали станува збор за плагијат.

-Овој систем, во наредните 2-3 месеци пробно ќе функционира за оној кој сака да го користи, но понатаму размислуваме ова да биде и законска обврска, додаде Кралев.

Системот за анализа и пронаоѓање на плагијати функционира на страната www.plagijati.mon.gov.mk.

{loadposition content9}