Skip to main content

Сомнителен мед во големите маркети, предупредуваат пчеларите

Изминатиот период, по неколку инспекциски контроли, Управата повлекла големи количини мед од поголемите маркети во земјава и им изрекла парични казни на одговорните фирми. Утврдени биле малверзации со квалитетот.

 |  Маја Савиќ  | 
med
мед

Продукцијата не ги задоволува ни домашните потреби. Не се знае колку професионални пчелари има, ниту колку се занимаваат со оваа дејност од хоби. Ветеринарната управа најавува евидентирање идната година, ако се обезбедат потребните финансии.

Изминатиот период, по неколку инспекциски контроли, Управата повлекла големи количини мед од поголемите маркети во земјава и им изрекла парични казни на одговорните фирми. Утврдени биле малверзации со квалитетот.med
На манипулации се жалат и производителите. Според нив, се дозволува увоз на мед чие потекло не е декларирано, а цените се исти па дури и повисоки од оние на домашниот, природен.

Увозот не може да го забрани никој, но неопходно е се` што се продава да има декларација. Потршувачите треба да знаат што купуваат.

На малверзациите укажува и релативно ниската цена која некогаш достигнува 180 денари наспроти реалната која за квалитетен, природен, чист мед, треба да е 250 денари. Понекогаш можеби и евтиниот мед е квалитетен ама сепак, не се знае од каде доаѓа.

Фармерите потврдуваат дека производството на мед не е доволно за извоз, но и да е, велат, нема да го пласираат надвор зашто цените на европските пазари се депласирачки.

– Имаме квалитетен мед, но немаме доволна количина бидејќи оваа земјоделска гранка е претежно хоби. Многу мал број пчелари се занимаваат професионално со оваа дејност. Добро би било кога би имале извоз во ЕУ, но засега тоа не можеме да го реализираме. Од друга страна, цените на големо за ливадскиот мед во европските држави се движат од 1,5 до 3 евра, а на мало од 3 до 5 евра. Тоа е дестимулативно за нас и неисплатливо со оглед на малата производна количина, нагласува Трајковски, пчелар.

Тој потенцира дека треба да се работи на здружувањето во кооперативи што ќе овозможи
организирано,наместо индивидуално продавање мед.Како што велат од Федерацијата на фармери, во Македонија има околу стотина илјади пчелни семејства, а просечното производство достигнува 840 тони мед при што преовладува ливадскиот. Статистичките податоци покажуваат негативен тренд во последните пет години.

{loadposition content9}