Skip to main content

Сонце и фиданка-македонска ознака за органска храна

Наскоро преку овластените сертификациски куќи Македнија ќе почне  да издава сертификати со националната ознака за органска храна – „сонце и фиданка“ со кои ќе се гарантира потполно органски производ во кој се запазени сите критериуми за производство.

 |  Маја Савиќ  | 
organska hrana
органска храна

organska hranaСонцето и фиданката се симбол на македонското органско производство на храна. Наскоро преку овластените сертификациски куќи Македнија ќе почне  да издава сертификати со националната ознака за органска храна – „сонце и фиданка“ со кои ќе се гарантира потполно органски производ во кој се запазени сите критериуми за производство.
Презентацијата на националната ознака, која е изработена врз основа на анкетата спроведена на веб-страницата на Министерството со непосредните производители на органско производство и граѓаните, за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски претставува конкретно започнување на сопроведување на Законот за органско производство на дело.
Македонските потрошувачи според министерот Димовски во основа јадат здрава храна иако, како што нагласи, органското производство е нешто сосема друго и е поздраво и со повисок квалитет поради што го препорачува.
Тој најави дека од идната година ќе почне да функционира и Агенцијата за храна и за ветеринарство преку која, како што посочи, во целост ќе има контролата на храната од нива, па до трпеза.


{loadposition content9}