Skip to main content

Зголемување на платите

СОНК на преговори со Владата

Јаким Неделков на фејсбук-страницата на СОНК објави дека во моментов имаат преговори со Владата, на покана на премиерот Димитар Ковачевски.
 |  инфодеск  | 
Парични средства

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) соопшти дека попладнево е на преговори во Владата во обид за договор за исполнување на нивното барање за зголемување на платите, односно усогласување со минималната плата во дејностите што ги покрива – образование и детска заштита.

Парични средства

Претседателот Јаким Неделков на фејсбук-страницата на СОНК објави дека на преговори се од 15 часот на покана на премиерот Димитар Ковачевски.

Членството од регионите на Синдикатот се изјасни за генерален штрајк доколку не се исполнат нивните барања. СОНК бара усогласување на платите во образованието со минималната плата, која од овој месец се зголемува од 15.200 на 18.000 денари и дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефицинетите на сложеност на работни места.

СОНК бара корекции на платите и за вработените во градинките, како и усогласување со минималната плата во високото образование и за вработените во ученичките и студентските домови.

Извор (МИА)