СОНК најави генерален штрајк
Наставниците од 11 април стапуваат во генерален штрајк. Школите и градинките нема да работат се до исполнувања на барањата на СОНК, зголемување на платите во образованието за 18,5%. Одлуката Советот ја донесе, откако не постигнаа договор со Владата за скалесто зголемување на платите.
Треба да се сфати дека криза не е само за Владата, туку криза е и за народот, посебно за нашите членки. Со сегашните плати, поради зголемувањето на цените, од аспект на реална инфлација што ја имаме, сега можеме многу помалку да купиме отколку пред неколку месеци. Затоа сметаме дека нашите барања за скалесто зголемување на платите по коефициентот на сложеност, се оправдани – изјави Јаким Неделеков, престедател на СОНК.
Во моментов, платите на вработените во градинките изнесуваат околу 23.000 денари, во основните школи скоро 25.000 додека во средните до 29.000. Со зголемувањето, највисоките би биле нешто под 35.000 денари.
Сега имаме во моментов земање иста плата за 10 различни работни места со 10 различни бодови за вреднување на работно место во градинките. Тоа е 18.000 денари, тоа е социјална категорија, меѓутоа и самите вработени во градинките не се задоволни зошто сите да земаат иста плата. Дополнително, во основното образование имаме 5 работни групи, во средното 4 работни групи, кои имаат сита плата, а различна сложеност на работа – додава Неделков.
Според владините пресметки пак, зголемувањето на платите во образованието би ја чинело државата околу 100 милиони евра годишно. Инаку, според владиното соопштение преговорите со СОНК се до наоѓање заедничко прифатливо решение, ќе продолжат во наредниот период.
Извор/Сител