Сообраќајот без прекини и покрај снегот
Снежните врнежи засега не предизвикуваат прекини во железничкиот и авиосообраќајот низ државава, додека патниот сообраќај се одвива забавено. Според Авто-мото сојузот на Македонија, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива без забрани, но во зимски услови.
| | Македонија
sneg

На граничните премини нема подолги чекања за влез и за излез од државата.
Од Меѓуградската автобуска станица во Скопје велат дека пристигнувањето и тргнувањето на автобусите се одвива без големи доцнења. Минимални доцнења, но без прекини, има и во домашниот и меѓународниот железнички сообраќај, соопштуваат од Железничката станица во Скопје.
Од аеродоромот „Александар Велики“ во Скопје информираат дека се реализираат планираните полетувања и слетувања. Отворен за сообраќај е и охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, но првите полетувања и слетувања се предвидени дури за денеска попладне.
{loadposition content9}