Skip to main content

Министерство за транспорт

Сообраќајот се одвива непречено, зимската опрема задолжителна

Снег на патиштата – институциите на терен, апел за внимателно возење
 |  инфодеск  | 

Од Министерството за транспорт информираат дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.

-Екипите на  ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот.  Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, се вели во соопштението од Министерството.

Покрај внимателно и совесно управување со возилата, препорачуваат и задолжително употреба на зимска опрема,  почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци. Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.  

Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат  и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.