Состанок на министрите на Јадранската група
Босна и Херцеговина(БиХ) во вторник е домаќин на состанокот на министрите за надворешни работи на државите членки на Јадранската група, на кој учествува и македонскиот министер Антонио Милошоски.
Босна и Херцеговина(БиХ) во вторник е домаќин на состанокот на министрите за надворешни работи на државите членки на Јадранската група, на кој учествува и македонскиот министер Антонио Милошоски
На состанокот во Сараево ќе се разговара за регионалната соработка во рамки на Јадранската група, НАТО процесот, мисијата ИСАФ, за понатамошните активности на Јадранската група, а ќе биде усвоена и заедничка изјава.
Членки на Јадранската група се Албанија, БиХ, Црна Гора, Хрватска, Македонија и САД, додека Србија има статус на посматрач. Шестмесечното претседавање БиХ го презема на 1. јули годинава.
{loadposition content9}