Авму
Состанок на регулаторните тела од регионот
Ќе присуствуваат претставници на регулаторни тела за медиуми на Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Бугарија.
| инфодеск | Македонија
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по повод 25 години од своето постоење, денеска организира состанок на регулаторните тела од регионот.
На состанокот ќе присуствуваат претставници на регулаторните тела за медиуми на Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Бугарија.
На отворањето, како што информираат од АВМУ, ќе се обратат директорот Зоран Трајчевски и шефот на Делегацијата на Европска Унија амбасадорот Дејвид Гир, а видео обраќање ќе има претседателот на државата Стево Пендаровски.