Skip to main content

Советот на Европа треба да го разгледува извештајот за претседателските избори

Советот на Европа треба да го разгледува извештајот за претседателските избори во Македонија во рамки на редовната сесија на Парламентарното собрание во Стразбур, што почнува денеска.

Evroparlament
Европарламент
Советот на Европа треба да го разгледува извештајот за претседателските избори во Македонија во рамки на редовната сесија на Парламентарното собрание во Стразбур, што почнува денеска.

Свое обраќање на редовната сесија што ќе трае до 30. април, се очекува да имаат претседателот на Финска, Тарја Халонен, како и премиерот на Шпанија, Хозе Луис Родригез Запатеро.

EvroparlamentНа сесијата ќе се разгледуваат и повеќе актуелни теми како хуманитарните последици од војната меѓу Грузија и Русија, состојбата со бранителите на човековите права во земјите-членки на Советот на Европа, акцијата за борба против кршењето на човековите права врз основ на полот и други.

На почетокот од сесијата ќе се одбележи и 60 годишнината од основањето на Советот на Европа.

Според најавите, на сесијата ќе учествува и делегација на македонското Собрание во состав Ермира Мехмети, Игор Ивановски, Зоран Петрески и Андреј Жерновски.

 

{loadposition content9}