Skip to main content

Советот на јавни обвинители денеска избира в.д. државен јавен обвинител

Советот на јавни обвинители денеска ќе избира наследник на Коцевски
 |  инфодеск  | 

  Советот на јавни обвинители денеска ќе одржи седница за определување вршител на должноста државен јавен обвинител на местото на Љупчо Коцевски кој си поднесе оставка минатата недела. Првично изборот беше ставен на дневен ред минатата недела, но изборот беше одложен поради отсутво на еден од членовите на Советот. 

Вршителот на должност ќе биде назначен од редот на јавните обвинители во Јавното обвинителство и ќе ја извршува функцијата до изборот на нов државен јавен обвинител, но не подолго од шест месеци.

Според законот, вршителот на должноста се избира од редот на обвинителите во републичкото Јавно обвинителство. Меѓу потенцијалните кандидати се Анита Тополова Исајловска, Исмаил Дарлишта, Соња Симовска, Ферат Елези, Џелал Бајрами, Елвин Вели, Лиле Стефанова, Наум Паноски, Валентина Стојановска и Златко Биковски.