Skip to main content

Советот на министри на ЕУ за Македонија ќе решава во јуни

Советот на министри на Европската Унија во јуни ќе одлучува дали на Македонија да ѝ се одреди датум за почеток на пристапните преговори.

sovet na ministri EU
совет на министри ЕУ

Советот на министри на Европската Унија во јуни ќе одлучува дали на Македонија да ѝ се одреди датум за почеток на пристапните преговори.

На вчерашниот состанок во Луксембург, Советот ја одложи одлуката за нашата држава, што значи дека конечниот исход ќе го дознаеме на самитот закажан за 28 јуни во Брисел.

sovet na ministri EUПо завршувањето на состанокот, заменик-претседателот на ирската влада и министер за надворешни работи Емон Гилмор, како претседавач со Советот за општи работи, посочи дека на министрите за надворешни работи им биле претставени извештаите на Комисијата за Македонија, за Србија и за Косово, но дека не е донесена никаква одлука или заклучок.

Инаку, на состаноците што се одржуваа пред декемврискиот самит одлуката за Македонија неколкупати беше одложувана сѐ до последен момент. Тогаш, како што јавуваа медиумите од регионов – Австрија, Унгарија, Велика Британија и уште 11 држави биле согласни Македонија да ги почне преговорите и паралелно да го решава спорот за името. На состанокот беше одлучено Европската комисија да подготви вонреден пролетен извештај во кој посебно внимание ќе посвети на спорот за разликата за името и добрососедските односи. Во она што го презентира Филе минатата недела, покрај забележаниот напредок за овие две прашања, од Македонија се бара да го спроведе договорот од први март до кој дојде со посредство на високите европски политичари, а со кој се реши внатрешнополитичката криза што изби по декемврискиот самит на ЕУ.

{loadposition content9}