Skip to main content

Шпанскиот премиер се надева на брзо решение на спорот за името

Балканот паѓа во втор план на шпанското претседателство со ЕУ, иако е меѓу приоритетите.

Jose Zapatero
Хозе Запатеро

Балканот паѓа во втор план на шпанското претседателство со ЕУ, иако е меѓу приоритетите.
Шпанија сепак се надева дека ќе биде најдено брзо решение за спорот со името, што е пречка за евроинтеграцијата на Македонија.

Jose ZapateroИако евроинтеграцијата на Балканот официјално се наоѓа запишана во приоритетите на шпанското претседателство со Европската унија, шефот на шпанската влада, Хозе Луис Запатеро, во официјалното претставување на неговата програма пред европратениците во Стразбур, воопшто не ја спомена.

На прашањето дали шпанското претседателство предвидува посебна иницијатива за регионот, Запатеро одговори: „Потребно е да се следи ритамот на проширувањето на Европската унија, така како што беше одлучено од Европскиот совет. Знаете на повеќе пати беше нагласена европската перспектива на Балканот, со што во целост се согласувам.“
Општ одговор следуваше и околу спорот со името меѓу Македонија и Грција, кој е исправен како пречка за евроинтеграција на земјата. „Имам голема доверба во владата на Папандреу, се разбира ние работиме и за прашањето на Македонија. Се надевам дека ќе се најде брзо решение, за што постои волја од двете страни, тоа е прашање кое создава тешкотии подолго време.“

Што се однесува до иницијативата на грчката влада, поддржана и од бугарската, земјите од Западен Балкан да се примат како членки на Европската унија во 2014 година, на стогодишнината од почетокот на Првата светска војна, Запатеро не зазеде став. Тој рече дека шпанското претседателство со Европската унија само ќе го разгледа предлогот на грчката влада, која патем има интересни видувања за Балканот кои заслужуваат да се разгледаат.

Очигледно е дека Балканот во наредните шест месеци нема да биде приоритет за ЕУ. Шпанија акцент става на економскиот и технолошки развој и социјалната политика со склучување на социјален пакт.

Сепак темата проширување ќе се држи отворена за што сведочи и расправата во делегацијата за соработка со Македонија на ЕП, што се одржува во Стразбур.

{loadposition content9}