Skip to main content

Спасен повреден планинар со скршеници на ногата во кичевско Лавчани

Спасен повреден планинар со скршеници на ногата во кичевско Лавчани.
 |  инфодеск  | 

РЦУК – Охрид, известува дека преку Едиствениот број за итни повици 112 вчера во 14:12 часот, добиена е пријава повреден планинар со скршеници на ногата, локација над с.Лавчани поточно на местото викано Два Камења, Општина Кичево. Лицето се наоѓало на непристапен терен. Поради непристапноста на теренот и не можноста за пристап на моторно возило, повреденото лице беше превземено и пренесено од локалното население со коњ до селото Лавчани, каде што Итна медицинска помош и ПС – Кичево го превземаа повреденото лице и го пренесоа до специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо – Охрид.