Спасовски: Интерпол е клучна организација за глобалната безбедност
Улогата на Европа во борбата против новите облици на криминалот и важноста од споделувањето на информациите низ регионот и низ целиот свет во борбата против криминалот, се двете основни поенти на педесеттата по ред Европска регионална конференција на Интерпол, која во наредните три дена се одржува во Охрид.
Претседателот на Интерпол Генерал Мајор Ахмед Насер Ал-Раиси , истакна дека и покрај оперативните успеси на Интерпол, на хоризонтот има навистина големи закани. Меѓународните убиства се повторно во пораст после еден период на опаѓање, но и новата генерација на сајбер закани повторно се тука , кои заедно со влијанието на конфликтите и нестабилните економски услови низ целиот свет се прошируваат и кон Европа.
„Ние сме тука денеска поради една причина, да изградиме побезбеден свет. Тоа ќе го направиме преку споделување увиди од терен, слушајќи ги техничките експерти и градејќи партнерства преку негување послни односи во наредните неколку денови.“ – кажа Генерал Мајор Ахмед Насер Ал-Раиси, Претседател на ИНТЕРПОЛ
Министерот за внатрешни работи на Македонија Оливер Спасовски подвлече дека во последните години сме исправени пред софистицирани заеднички безбедносни предизвици кои бараат заедничка одговорност, здружен пристап и обединети напори .
„Интерпол е клучна организација за обезбедување на глобалната безбедност, наш сериозен партнер за соработка, размена на информации и обезбедување на синергии меѓу многуте глобални и регионални напори и иницијативи. Континуирано се фокусираме кон аплицирање на модерни методолгоии кои ќе обезбедат исклучителна и ефикасна превенција примена на најиновативните решенија за полициски и безбедносни прашања, а со тоа и зајакната борба против глобалниот криминал.“ – кажа Спасовски.
Во реално време гледаме дека сите форми на меѓународен криминал се покомплексни, пораширени и физички поопасни, со што Интерпол добива активна улога во градењето на борбата против криминалот и поврзувањето на организацијата со останатиот дел од светот., кажа во своето обраќање генералниот секретар на организацијата Јурген Шток.
„Европа, придонесува со повеќе истраги и резултати и повеќе насоки од било кој друг регион во рамките на Интерпол.Минатата година земјите членки на Европа повеќе од 3,5 милијарди пати пребарувале во базите на податоци, што зборува дека тие се клучна компонента на полицијата во Европа и на одржувањето на безбедноста на државите. Оваа улога расте се зајакнува и ги гледаме оперативните резултати.“ – истакна Јурген Шток – генерален секретар на Интерпол
Македонија годинава како домаќин на конференцијата одбележува и 30 години од членството во Интерпол.На конференцијата присуствуваат министри за внатрешни работи и шефови на полиции од Европа, високи претставници на Интерпол и експерти од областа на безбедноста.