„Специјалците“ го слават својот празник
Во касарната „Илинден“ денеска ќе биде одржана свеченост по повод 1 март – Денот на Полкот за специјални операции (пСО).
На свеченоста, како што е најавено, ќе присуствуваат претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Бранко Црвенковски, министерот за одбрана Зоран Коњановски, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Мирослав Стојановски, претставници од Владата и Собранието, како и воени аташеа акредитирани во државата.
На 1 март 1994 година е формиран баталјонот за специјални намени, кој во изминатите 15 години помина низ повеќе трансформации при што претставуваше основно јадро за формирање на одредот за специјални намени, кој се транформира подоцна во пСО. Основната мисија на пСО е изведување на специјални операции во мирновремени и во услови на конфликт, борба против тероризмот и други дополнителни активности. Покрај ова, една од задачите на пСО како дел од декларираните сили на АРМ е учество во меѓународни операции за поддршка на мирот, како и превенција и справување со регионални конфликти и кризи во операции предводени од НАТО, ООН и ЕУ.
{loadposition content9}