Спомен куќата на Тоше ќе биде отворена на 24 јануари
Спомен куќата на балканската поп ѕвезда Тоше Проески што се гради на Гумење во родното Крушево ќе биде отворена на 24 јануари. Ден потоа во Скопје ќе се одржи големиот концерт. Со ова ќе се одбележи роденденот на трагично загинатиот македонски пејач. Официјална потврда за отворањето на спомен куќата се уште нема, но крушевчани веќе се подготвуваат за 30-от роденден на ѕвезденото момче.
Во спомен куќата која интензивно се градеше во изминативе две години ќе се слушаат „Игри без граници”, „Боже, чувај ја од зло”, „Цреша”, „Мајка на Марика думаше”, „Јас не сум виновен” и многу други композиции од Проески. На влезот ќе биде Тоше, восочна фигура во реална големина. Тука ќе бидат сместени многу лични работи, вклучувајќи ги и подароците, музичките инструменти и се она што поседуваше Проески кои досега грижливо се чуваа во неговата сејмена куќа, во неговата соба каде што седеше,твореше и најмногу се дружеше со неговите најблиски и другарите.
Со изградбата на спомен-домот се исполни уште една желба на Тоше. Тој планираше на ова место да направи големо музичко студио.
{loadposition content9}