Skip to main content

Царинска управа

Спречени обиди за криумчарење компјутерска опрема за рударење на крипто средства, суплементи, парфеми и птици

Царинската управа објави дека во текот на минатата недела, царинските службеници и мобилните тимови спречија обиди за криумчарење разна стока.
 |  инфодеск  | 

Царинската управа објави дека во текот на минатата недела, царинските службеници и мобилните тимови спречија обиди за криумчарење разна стока, при што е запленета компјутерска опрема наменета за рударење на крипто средства, суплементи, парфеми со потпис на познати модни брендови, ладилник за товарно возило, облека, а спречен беше и обид за нелегален внес на птици. Во продолжение детали:

-на граничниот премин Блаце откриена е специјализирана компјутерска опрема наменета за рударење на крипто средства.

-Спречен обид за криумчарење на 8,26 килограми суплементи(19 кутии од по 60 кесички) Unicity Balance на граничниот премин Табановце.

-173 парфеми со потпис на познатите трговски марки Том Форд, Версаче, Армани и други се запленети на граничниот премин Дојран.

-Царински службеници на влез во државата на граничен премин Дојран спречија обид за криумчарење на ладилник за товарно возило.

-Разни производи, меѓу коишто се фрижидер, стоматолошка столица, кафемат се откриени при контрола на стока пријавена за увозно царинење во царинската испостава Тетово.

-Царински службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за криумчарење на машина и опрема за водоводни цевки.

-Машина за потреби во текстилна индустрија, откриена од страна на мобилните царински тимови е пронајдена на граничниот премин Табановце автопат.

-160 пара облека од брендовите Бос и Левис, но и 930 парчиња нашивни надворешни текстилни етикети со ознака на брендот DSQ2 се запленети на граничниот премин Блаце.

-При контрола на два камиони на граничниот премин Табановце открини се непријавени 50 килограми боја и повеќе кутии со средства за полирање возила.

-На граничен премин Табановце мобилен тим при контрола на автобус откри 26 белгиски канаринци и 4 вреќи со храна за птици.

-Спречено криумчарење на 28 штеки цигари на граничните премини Дојран и Богородица. При тоа 10 штеки цигари без акцизни маркички се откриени на граничниот премин Дојран. Останатите 18 штеки цигари без акцизни маркички се откриени на граничниот премин Богородица