Србија и’ украде туристички спот на Македонија
Спотот “Храна за душа“, вреден три милиони динари, е речиси ист како македонскиот снимен минатата година, објави српскиот весник “Курир“.
| | Македонија
Makedonija vecna
Спотот “Храна за душа“, вреден три милиони динари, е речиси ист како македонскиот снимен минатата година, објави српскиот весник “Курир“.
Се’ попопуларниот спот “Храна за душа“, што ја промовира Србија и кој за три дена на “Јутјуб“ го видоа повеќе од 30.000 луѓе, личи на рекламата за промоција на храната на Македонија. На основа на неколку речиси идентични сцени може да се заклучи дека српскиот спот, всушност е копија на македонскиот спот од септември минатата година.
Нашите јужни соседи тогаш покренаа маркетиншка кампања под насловот “Македонија вечна“, со која ги претставија убавините на државата низ неколку кратки спотови, пишува “Курир“.
“Во вашиот спот постојат елементи на плагијат. Не можам да кажам дека целиот спот е украден, но навистина има многу слични делови. Можно е авторите да го виделе нашиот спот на Интернет и искористиле некои делови. Немам проблем со тоа, оти денес сите го прават тоа. Повеќе се лутам дека ни го украдовте ајварот“, рекол за “Курир“ Блаже Дујев, сопственик на продукциската куќа што го изработи македонското видео.
Еден од авторите на спотот “Храна за душа“, Срѓан Станковиќ, од компанијата “Супернатурал“ рекол за “Курир“ дека не станува збор за никаков плагијат и дека некои работи изгледаат исти затоа што Македонија и Србија се слични земји.
{loadposition content9}