Skip to main content

СРД:„Треба да се овозможи непречено и професионално работење на А1“

Советот за радиодифузија пред неполн час ја заврши вонредната седница, посветена на последните случувања во А1 Телевизија.

 |  Маја Савиќ  | 
SRD
srd
Советот за радиодифузија пред неполн час ја заврши вонредната седница, посветена на последните случувања во А1 Телевизија.

Во генералниот заклучок ги повикаа сите надлежни институции да овозможат непречено и професионално функционирање на Телевизијата, да се смират тензиите, партиите да не ја користат ситуацијата за собирање на политички поени.

Освен двајцата членови кои се дел од Советот по предлог на власта, останатите членови изразија згрозеност од синоќешното присуство на огромни полициски трупи пред А1.

На тој начин според нив, се врши притисок врз новинарите на кои не им беше дозволено нормално движење од и до работното место.

Во очекување на детална информација за тоа што точно се случи синоќа побарана од Телевизијата, полицијата и УЈП, Советот побара да надвладее разумот кај сите засегнати.

{loadposition content9}