Skip to main content

Економија

Од среда „Гарантирана цена“ дознака за производите со намалени цени

Од среда, основните прехранбени производи ќе се продаваат по цени пониски за десет посто од референтната цена во август годинава.
Крешник Бектеши

Од среда намалување на цените на основните прехранбени производи, најави Министерот за економија, Крешник Бектеши. Листата е готова, утре ќе оди пред Влада, а трговците ќе треба овие производи да ги означат со ознаката „Гарантирана цена“, со што трговците нема да имаат можност да ги зголемат до 30 ноември. Ваквото намалување на цените на прехранбените производи треба да биде поттик до сите чинители во секторот трговија и производителите, да се пријават доброволно да добијат ваква дознака, апелира Бектеши.

„Би сакал да ги повикам сите чинители во нашата држава во делот на трговијата, производителите на овие производи или дистрибутерите, ако утре не се на листата на одлуката на намалување на цените, да се пријават во Министерството за економија, за да можат да можат да ја користат ознаката „Гарантирана цена“, што ќе го препознаат граѓаните и потрошувачите, се со цел да се зголеми опфатот на производи кои ќе се намалат со одлука на Влада“, – вели Крешник Бектеши – Министерот за економија.

Министерот информира дека денес ќе оствари средба и со производителите и диструбитерите на пијалоци кај нас, покрај хемиските производи, и пијалоците да се вклучени во делот на цените до 30 ноември. Министерот објасни дека кога еден производ ќе добие ознака Загарантирана цена, тоа ќе важи за истиот тој производ од сите производители, кои ги има на рафтовите.

„Ако се намалуваат шпагетите ќе се намалат сите шпагети кои се продаваат во нашата држава. Дали е домашен производител дали е увозен, ќе се намалени сите произовди од категорија која утре ќе биде наведена во одлуката на влада“, – Крешник Бектеши – Министерот за економија.

Утре на седницата на Влада ќе биде доставена листата од педесеттина производи, од кои 25 се категории на производи, која е завршена, а од среда ќе почнат контролите на ДПИ со членови од влада вклучени во надзор, кажа на денешната прес конференција Министерот за економија Крешник Бектеши.Со стапувањето на сила на владината одлука се забрануваат сите промотивни акции на прехранбени производи. Надлежните сметаат дека токму на овој начин се правеле манипулаци и со цените и се избегнува можноста за намалување на цените и нивно замрзнување.