Skip to main content

Државен празник

Среда, првиот ден на Рамазан Бајрам неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Рамазан Бајрам.
 |  инфодеск  | 
Македонско знаме

Од Министерството за труд и социјална политика соопштуваат дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), среда, 10-ти април 2024 година, Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Рамазан Бајрам.