Средба Иванов-Келер
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Берлин треба да се сретне со германскиот претседател Хорст Келер.
Ѓорге Иванов
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Берлин треба да се сретне со германскиот претседател Хорст Келер.
Претседателот Иванов во рамките на неколкудневната официјална посета на Германија ќе оствари средби и со парламентарци и владини претставници.
Шефот на државата според најавата ќе ја посети и Командата на Армијата на Германија во Потсдам.
Во состав на македонската делегација се и бизнисмени, кои треба да остварат средби со своите германски колеги за зајакнување на меѓусебната соработка.
Иванов ќе се сретне и македонските иселеници во Германија.
{loadposition content9}