Skip to main content

Средба Иванов – Стајнберг

Mакедонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Њујорк ќе се сретне со американскиот заменик-државен секретар Џејмс Стајнберг. Главна тема на разговорите ќе биде грчко-македонскиот спор за името.

James Steinberg
Џејмс Стајнберг
Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Њујорк ќе се сретне со американскиот заменик-државен секретар Џејмс Стајнберг. Главна тема на разговорите ќе биде грчко-македонскиот спор за името.

Се очекува Стајнберг да го повтори барањето искажано за време на неговите посети на Скопје и на Атина во мај годинава, двете страни со посредство на ОН да се ангажираат поинтензивно на решавање на спорот за името, што ќе го отвори патот на Македонија за членство во НАТО. Заменикот на Хилари Клинтон тогаш најави дека САД ќе продолжат да го поддржуваат процесот што го води Метју Нимиц и се подготвени да помогнат  и да работат со двете земји процесот да почне да се движи напред со цел да се дојде до решение. Има многу креативни решенија, што Македонија и Грција можат да ги најдат, оцени Стајнберг.
Иванов, пак, ќе го изнесе ставот дека Македонија останува активна во разговорите и сака да се најде решение за името, но не прифаќа да разговара за националниот идентитет и јазик.

Прашањето за името, јавува известувачот на МИА, беше во фокусот и на вчерашната средба на македонскиот претседател со генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, а за тоа ќе се разговара и на состанокот со првиот човек на ОН Бан Ки-Мун закажан за в петок.
Шефот на македонската држава утре се среќава со медијаторот Метју Нимиц, а три дена подоцна средба со посредникот на ОН треба да има и шефицата на дипломатијата на Грција Дора Бакојани, но нејзиното доаѓање во Њујорк е неизвесно поради здравствени проблеми. Засега нема најави за евентуални директни контакти меѓу македонски и грчки претставници.
Претседателот Иванов денеска ќе учествува на отворањето на главната дебата на 64. Генерално собрание на ОН. На маргините од собирот тој ќе се сретне со албанскиот премиер Сали Бериша, со летонскиот петседател Валдис Затлерс и со емирот на Катар Шеик Хамад бин Калифа Ал-Тани. Иванов попладне по њујоршко време ќе присуствува на работниот ручек што го организира генералниот секретар на Светската организација Бан Ки-Мун, а вечер на приемот што го приредува претседателот на САД Барак Обама.

{loadposition content9}