Skip to main content

Средба на Метју Нимиц – Зоран Јолевски

Средбата доаѓа по вчерашната, одвоена средба на Нимиц со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.

Metju Nimic i Zoran Jolevski
Метју Нимиц и Зоран Јолевски
Средбата доаѓа по вчерашната, одвоена средба на Нимиц со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис.

Метју НимицПосредникот на ОН во разликите околу името меѓу Република Македонија и Грција Метју Нимиц, вечерва по американско време ќе се сретне со македонскиот преговарач, амбасадорот Зоран Јолевски, пренесе Гласот на Америка на македонски јазик, повикувајќи се на соопштение од Канцеларијата на портпаролот на Светската организација.

Во кусото известување се наведува и дека на дневен ред се позициите на македонската влада, како и наредните чекори.

Средбата доаѓа по вчерашната, одвоена средба на Нимиц со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис, на која, според соопштението на ОН, грчката страна го претставила пристапот и политиката на новата влада во Атина за прашањето околу името.

На Нимиц му било кажано дека во Атина постои желба да се реши прашањето и да се договори трајно решение, а истовремено бил информиран за генералните параметри што би требало да вклучи едно прифатливо решение според грчкото гледиште, се наведува во информацијата од ОН.





{loadposition content9}