Skip to main content

Средношколците ќе ги деконструираат медиумите

Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во соработка со Амбасадата на САД во Македонија го објавува конкурсот за најдобар средношколски медиумски производ „Изрази се преку медиумите“.

logo
лого

студентиВисоката школа за новинарство и за односи со јавноста, во соработка со Амбасадата на САД во Македонија го објавува конкурсот за најдобар средношколски медиумски производ „Изрази се преку медиумите“.

Учениците и училиштата може да аплицираат на конкурсот со фотоприказна, постер или едноминутнo видео на тема „(Де)конструирај ги медиумите: Најди го значењето зад пораката“.

Медиумскиот производ треба на оригинален начин да го открие значењето на медиумската порака објавена на телевизија, радио, печатен или онлајн медиум како вест или промотивна кампања. Средношколците треба да разобличат како оваа медиумска содржина влијае врз изборот на младите да купат нешто, да донесат одлуки или да размислуваат во одредена насока.

Во своите предлози за деконструирање на медиумската содржина, средношколците треба на оригинален начин да ја претстават целта на испратената порака, обидувајќи се да одговорат на следните прашања: дали и колку е реална таа порака, како е конструирана и која идеја ја промовираат?

Целта на овој конкурс е да се поттикне медиумската писменост кај младите, кои на креативен начин ќе покажат дека умеат да ги толкуваат и критички оценат медиумските содржини на кои се постојано изложени.

Конкурсот е отворен до 23-ти март 2015.Најдобрите медиумски производи ќе бидат наградени со таблет, видео-камера и фотоапарат. Високата школа ќе ги промовира добитниците на наградите и на посебен настан/изложба.

{loadposition content9}