Skip to main content

Српските владици ќе расправаат за автокефалноста на МПЦ

Досега српските архијереи се покажале доволно ригидни во односот со МПЦ и не сакаат да се изјаснат кој би бил нивниот компромис во врска со подготвеноста да ѝ се даде томос за автокефалност на МПЦ.

vladici
владици

Колку СПЦ е подготвена да направи компромис за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА? Се очекува ова прашање да биде дел од расправата на пролетниот собор на Синодот на СПЦ, кој се одржува веќе една недела.

Изминатите години српските архијереи се покажале доволно ригидни во односот со МПЦ и не сакаат да се изјаснат кој би бил нивниот компромис во врска со подготвеноста да ѝ се даде томос за автокефалност на МПЦ. Минатата година српскиот претседател Томислав Николиќ во официјална посета на Македонија рече дека долгогодишниот спор меѓу двете цркви е решлив, но за тоа треба да помогнат и политичарите.

StefanЕден од предлозите за компромис е ослободувањето на Јован Вранишковски, расчинетиот владика од МПЦ. Според експертите, во последните десет години, откако беше прогласена Јовановата православна охридска архиепископија, Македонската и Српската православна црква не биле поблиску до можноста повторно да почнат со преговори. Оцените се дека оваа шанса МПЦ не треба да ја пропушти.

{loadposition content9}