ССМ: Синдикалната минимална кошница за месец октомври изнесува 70.358 денари
За храна и пијалаци на едно четиричлено семејство му се потребни 26.170 денари, што е за 124 денари повеќе од минималната плата.
| инфодеск | Македонија

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец октомври 2026 година изнесува 70.358 денари. Споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец септември 2026 година, која изнесува 69.432 денари е зголемена за 926 денари – соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).
Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец октомври изнесува 85.733 денари.
Според минималната кошница на ССМ,, за храна и пијалаци на едно четиричлено семејство му се потребни 26.170 денари, што е за 124 денари повеќе од минималната плата.



