Станишев на одделни средби со македонскиот државен врв
Бугарскиот премиер Сергеј Станишев денеска ја продолжува официјалната посета на Македонија, при што според најавите ќе оствари одделни средби со македонскиот државен врв.
Бугарскиот премиер Сергеј Станишев денеска ја продолжува официјалната посета на Македонија, при што според најавите ќе оствари одделни средби со македонскиот државен врв.
Предвидено е Станишев да биде примен од македонскиот претседател Бранко Црвенковски, претседателот на Собранието Трајко Вељановски, а ќе оствари и ткте-а-ткте средба со премиерот Никола Груевски.
Како што соопшти владината прес служба, на платото пред Владата, ќе биде организирана церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести за бугарскиот премиер Станишев.
Бугарските медиуми најавија дека во агендата на Станишев било предвидено, тој заедно со Груевски, да присуствуваат на свеченото пуштање на новиот 400-киловолтен далновод во селото Дуброво, кој ќе ги поврзува двете држави.
Вкупната вредност на далноводот е проценета на 19 милиони евра. Неговата должина изнесува 150 километри, од кои 70 се на територијата на Македонија.
Станишев синоќа во Скопје во домот на АРМ присуствуваше на свечениот концерт по повод 15- годишнината од воспоставувањето дипломатски односи на Република Македонија со Република Бугарија.
{loadposition content9}