Skip to main content

Стапува во сила забраната за пушење на јавни места

Законот за целосна забрана за пушење на јавни места во Македонија стапува на сила од 1 јануари.

ciagara
цигара

Законот за целосна забрана за пушење на јавни места во Македонија стапува на сила од 1 јануари.

ciagara

Согласно законот од денеска пушењето е забрането во кафеани, ноќни барови, кафе-барови, диско-клубови.
Цигара нема да смее да се запали ниту на тераси, шанкови и во летни бавчи, односно секаде каде што се служат храна и пиење.
Пушењето не е забрането само во домовите на луѓето, на отворен простор и на јавни површини, но само ако не се одржуваат јавни настани.
Доколку некое лице биде затекнато со цигара во забранета зона ќе му биде одредена парична казна од 300 евра, додека казните за сопствениците на локалите, кои ќе го прекршат овој закон, ќе бидат казнувани  со парична казна од 2.500 до 4.000 евра.

Револт поради воведувањето на новиот закон искажаа угостителите, кои укажуваат дека целосната забрана за пушење ќе го уништи нивниот бизнис.
Тие предупредуваат дека со примената на овој закон голем број на локали ќе се затворат, прометот ќе се намали, а ќе има и отпуштања.










{loadposition content9}