Стапува на сила Законот за финансиска дисциплина
Од 1ви мај, компаниите ќе морат навремено да ги исплаќаат долговите, за да не се соочат со ригорозни казни кои се претвидуваат во новиот Закон за финансиска дисциплина.
Од 1ви мај, компаниите ќе морат навремено да ги исплаќаат долговите, за да не се соочат со ригорозни казни кои се претвидуваат во новиот Закон за финансиска дисциплина.
Со овој закон, компаниите се обврзуваат да ги подмират меѓусебните плаќања во рок од два месеца, а за тоа треба да постои и писмен договор помеѓу страните.
Доколку не се испочитуваат овие правила, тој што доцни првично ќе плати 3.000 денари како надомест, кој може да го побара во рок од три години. Предвидени се и големи глоби за непочитување на одредбите од Законот.
Така, за задоцнето плаќање правните лица ќе се казнуваат со 5.000 до 10.000 евра, а трговците-поединци со 1.500 до 3.000 евра. За одговорните лица е предвидена глоба од 750 до 1.500 евра. Ваква е казната и за министерот за финансии кој нема да го запази рокот на плаќање од трезорот, откако ќе го прими барањето од јавниот субјект.
{loadposition content9}