Skip to main content

Старосната граница за пензионирање останува иста, пензиите ќе се зголемат и до 7 отсто

Старосната граница за пензионирање нема да се зголеми, односно ќе остане 62 години за жени и 64 за мажи, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.

 |   | 
Spiro Ristovski
Спиро Ристовски

Старосната граница за пензионирање нема да се зголеми, односно ќе остане 62 години за жени и 64 за мажи, изјави денеска министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски.
Spiro Ristovski
“Нема да се зголеми старосната граница за пензионирање. Таа останува 64 за мажи и 62 години за жени. Апелирам до сите политички и неполитички субјекти, и сите останати, да не ги злоупотребуваат граѓаните во насока на создавање на конфузија и добивање на свои лични политички поени. Оваа влада во овој момент не планира да ја зголеми границата, односно годините за пензионирање“, изјави Ристовски.

Тој го потврди и она што неодамна го изјави премиерот Никола Груевски дека кон крајот на годинава или почетокот на следната, пензиите ќе се зголемат за пет отсто.

“На крајот на годинава или почетокот на 2013 година пензиите ќе се зголемат за пет отсто, а она што е утврдено за наредните години е дека ќе има прогресивно зголемување на пензиите, оваа година пет отсто, потоа 7, 5 отсто и 10 отсто во 2015 година. На тој начин очекуваме да се подобри финансиската и економската моќ на пензионерите следејќи ги секојдневните потреби кои ги имаат “, вели Ристовски.

Од 2006 заклучно со 2010 најниската пензија во државава беше зголемена над 42 отсто, а над 33, 5 отсто просечната пензија.

Покрај зголемувањето на пензиите, на денешниот состанок на министерот со Здружението на пензионери на Македонија, станало збор и за иницијативата за изработка на предлог текст на закон со кој ќе се регулира начинот на организирање во рамки на здружението, по примерот на одредени европски земји.

{loadposition content9}