Статистички, турските туристи најбројни посетители
Ретките природни убавини, одличната местоположба, бројните историски знаменитости, огромното материјално и духовно наследство на Македонија се повеќе ги привлекуваат странските туристи.
Ретките природни убавини, одличната местоположба, бројните историски знаменитости, огромното материјално и духовно наследство на Македонија се повеќе ги привлекуваат странските туристи.
Според статистичките податоци, во 2012 година Македонија ја посетиле 351.359 странски туристи, а во 2013 година оваа бројка се зголемила за над 15 проценти. Зголемен е и бројот на ноќевања на странските туристи во земјава.
Според туристичката агенција „Генералтурист“, во 2013 година Македонија ја посетиле голем број туристи од Турција, а само преку нивните аранжмани во земјата престојувале над 8000 турски државјани.
Турските туристи во Македонија најмногу ги привлекува главниот град Скопје. Гостите од Турција, во просек, трошат и повеќе парични средства во земјава отколку кои било странски туристи кои ја посетуваат Македонија, велат од „Генералтурист“.
Македонците во Турција, пак, најчесто ги посетуваат разните приморски дестинации, особено Анталија, Бодрум и Кушадаси кои нудат одличен одмор и забава, или Памук Кале, Ефес, Кападокија и други егзотични археолошки локалитети.
{loadposition content9}