Средби на вицепремиерот Страврески со првите луѓе на ММФ и на Светска банка
Заменик претседателот на македонската Влада, Зоран Ставрески денеска во Вашингтон ќе има одвоени средби со директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Доминик Строс-Кан и со претседателот на Светската Банка, Роберт Зелик.
Како што пренесува специјалниот известувач на МИА од Вашингтон, на овие средби, според најавите, ќе стане збор за актуелните настани поврзани со глобалната финансиска криза, како и за можностите за вклучување на Светската банка и ММФ во напорите за нејзино надминување.
Вице-премиерот Ставрески престојува во неколкудневна посета на Вашингтон во својство на претседавач на Генералното собрание на Светската Банка и ММФ за 2008 година, што ќе се одржи во понеделник. Во работата на Собранието ќе учествуваат министри и гувернери на Централните банки од над сто земји во светот, меѓу кои и македонскиот министерот за финасии Трајко Славески, кој денеска треба да допатува во Вашингтон.
Во состав на македонската делегација на Собранието ќе бидат и претставници на Министерството за финансии и на Народната банка на Република Македонија.