Штефан Филе доаѓа во Скопје
Посетата е потврдена од страна на Европската комисија.
Еврокомесарот Штефан Филе не издржа- доаѓа утре во Скопје заедно со известувачот во ЕП, Ричард Ховит и Јижи Бусек. Целта е да направи клучен притисок околу политичката криза во земјата, за да како што најавија од Брисел, Македонија да добие позитивен извештај во април. Иако се очекуваше посетата на известувачот Ричард Ховит да се случи денеска, тој до пладнето се` уште беше во Брисел и учествуваше на состанок на НАТО за Авганистан.
За утре пак беше најавено и враќање на вицепремиерот Фатмир Бесими во Брисел, за да се сретне со Стефано Санино, па ваквите збунувачки најави покажуваат само колку е комплексна политичката ситуација во земјата и колку сериозно ја сфаќаат во Брисел. Дека Филе доаѓа навистина во Скопје потврди неговиот портпарол Питер Стано на денешната прес-конференција во Брисел.
{loadposition content9}